Поврзи се со нас

Популарно.мк

Продавачка во Шпанија добила отказ поради вистината за Дедо Мраз

Занимливости

Продавачка во Шпанија добила отказ поради вистината за Дедо Мраз

Продавачка од Шпанија доби отказ од работа, оти на едно дете му ја открила „тајната за Дедо Мраз“.

Жената поднела жалба на одлуката, но Судот во Тенерифе ја отфрлил со образложение дека отказот бил оправдан.

Продавачката работела во оддел за накит и часовници, кога на едно девојче и нејзиниот татко им рекла да одат во друга продавница, за мајката да одбере божиќен подарок за ќеркичката.

Девојчето било вџашено од сознанието дека божиќните подароци не ги носи Дедо Мраз, туку ги купуваат нејзините родители, кои и самите останале изненадени од зборовите на продавачката, стои во пресудата.

Во образложението се посочува дека и пред тој „инцидент“, продавачката неколкупати се однесувала „непримерено во однос на својата професија“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.