Следи нѐ
To Top

Донесен Законот за употреба на јазиците

Собранието на Република Македонија денеска со 69 гласа „за“ го донесе Законот за употреба на јазиците.

Законот беше изгласан и со двојно мнозинство, односно за него гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден беше воздржан.

реклама

Дебатата за законот за јазизици во Собранието почна на 5 септември минатата година во собраниската Комисија за европски прашања, а парламентарното мнозинство ја усвои потребата од негово носење на 15 ноември лани. Против законот беше опозициската ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека е неуставен и дискриминаторски во однос на македонскиот јазик и останатите јазици на кои говорат граѓаните во Македонија.

Законот е донесен без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не учествуваат во работата на Собранието во знак на револт од притворањето на петмина нивни колеги и други граѓани за учество во инцидентите во законодавниот дом на 27-ми април минатата година.

Против законот се изјасни и претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање пред Собранието. Според него, законот за јазиците претставува закана по унитарноста на државата и го крши  Уставот на Република Македонија.

Наспроти опозицијата, предлагачот и пратениците од мнозинството, во текот на дебатата порачаа дека законот е дел од патот на евроатлантските интеграции на Македонија и на никаков начин не го нарушува ниту Уставот, ниту унитарниот карактер на државата.

Премиерот Зоран Заев исто така во неколку наврати изнесе оценки дека законот за јазиците е согласно Уставот и оти со него само ќе се унапредат некои практични потреби на граѓаните кои досега не им биле овозможени

Како што наведува во образложението од Министерството за правда, со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.