Следи нѐ
To Top

Три василичарски концерти „Simply the Best“ во МОБ

Македонската опера и балет вечер и во наредните два дена ќе го одржи традиционалниот концерт за Василица, годинава насловен „Simply the Best“, со рок и поп-хитови од 1980-тите и 1990-тите години.

Првично МОБ најави две изведби, но поради голем интерес од публиката, закажа и трет концерт в недела на самиот празник посветен на св. Василиј.

реклама

Оваа година концертот носи наслов „Simply the best“, односно, направен е избор од најдобрите поп-рок хитови од’ 80 и ’90-те години. Публиката ќе има можност да ужива во популарните „ With or without you“, „Freedom“, „I drove all night“, „Listen to your heart“, „Simply the best“, „Every breath you take“, „I want to break free“, „Black velvet“ и многу други.

Хитовите ќе ги исполнат популарните ѕвезди од македонската естрада: Александар Тарабунов, Елена Петреска, Ана Мицковска, Александра Јанева, Горан Наумовски, Ѓоко Танески, Арбен Бени Шаќири, Дани Димитровска, Наташа Малинкова, Лена Заткоска, Даниел Дан, гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ, како и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски. Ќе ги придружува хорот и големиот оркестар на Македонската опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Почитувајќи ја традицијата на прославување т.н. Стара Нова година, Македонската опера и балет го востанови овој концерт во 1993 година. Низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.