Следи нѐ
To Top

Ливињо – Рај скриен во планините

Ливињо е една од најголемите и највисоките скијачки реони во Италија. Сместен меѓу две планини на самата граница со Швајцарија, тој е идеално место за семејно скијање со вкупна должина на патеките од 115 километри.

Ливињо настанал од три села, кои со текот на времето се споиле во единствена целина, крај четири километри долгиот пат.

реклама

Ова скијачко место е опкружено од двете страни со голем број патеки и ски-лифтови. Благодарение на надморската височина од 1.816 метри Ливињо има доволно снег во текот на целата зимска сезона, но и покрај тоа е опремен со машини за произведување снег за повеќе од 80 отсто од патеките.

За децата има сноу паркови со тобогани од снег, ски училшта и разновидна анимација и натпревари. Посебна атракција претставува картингот на замрзнатото езеро Ливињо. Покрај скијање има добра понуда на локали, ресторани, караоке барови и дискотеки.

Во местото доминираат мали, дрвени куќи изградени во традиционален стил, што му дава посебен шарм. Едно од трите села кое го сочинуваат Ливињо е централна локација Сан Антонио, кој е затворен за сообраќај и нешто најблизу може да претставува центар за Ливињо, затоа што центарот на градот не постои во класична смисла на зборот.

Освен Сан Антонио, другите две села се Санта Марија северно и Сан Роко, малку подалеку јужно.

Скијалиштето е поделено на два дела, Каросело и Мотолино, кои се со иста големина. Ливињо има 30 ски-лифтови. На Мотолино  се наоѓа и голем сноуборд парк кој важи за еден од најдобрите во Европа.

Ливињо нуди сместување на 104 хотели и повеќе од илјада апартмани. Цената, особено за наем на апартмани е прифатлива, а услугите сосема добри.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.