Следи нѐ
To Top

Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен

Турскиот академик Јавуз Орнек при гостување во  емисија на јавната телевизија ТРТ1 изјави дека технологијата пред 10.000 години била многу понапредна од денес.

Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како гориво.

реклама

Орнек во емисијата нагласи и дека Ное користел мобилен телефон за да го натера синот да се качи на арката, додавајќи дека на бродот не внел живи животни, туку „јајца од сите живи суштества“.

Водителката и Омер Фарук Харман, професор по теологија кој бил вториот гостин во студиото, го повикале Орнек да им покаже докази, но тој тогаш го цитирал Куранот.

– Брановите биле високи 300-400 метри и синот на Ное бил неколку километри далеку. Куранот вели дека Ное разговарал со својот син, но како комуницирале? Тоа очигледно било чудо. Верувам дека комуницирале преку мобилни телефони. Јас сум научник, зборувам во име на науката, изјави Орнек.

Публиката во емисијата реагираше воглавно негативно.

Водителката Пелин Чифт рече дека како и голем дел од гледачите, е скептична кон ваквите тврдења.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.