Следи нѐ
To Top

Руски војник подгревајќи го ручекот, си го запалил транспортерот (ВИДЕО)

Руски војник стациониран на Крим, подгревајќи го својот ручек, уништил еден оклопен транспортер БТР-82, чија вредност изнесува 400.000 евра.

Имено, Семен Мережњиков ископал дупка крај возилото, за во неа да запали оган и да си го подгрее конзервираниот оброк. Пламенот потоа, за несреќа го зафатил и оклопното возило, па тоа било целосно уништено.

реклама

Оваа незгода можела да има и уште потрагичен исход, оти на снимките се гледа како додека војникот Мережњиков, му објаснува на надредениот офицер што се случило, го гаси и рачниот минофрлач зафатен од огнот.

Војникот доби казна од шест месеци затвор.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.