//
Следи нѐ
To Top

СТУДЕН БРАН: Во Сибир измерени минус 67 степени

Студен бран го зафати најстуденото место на Земјата – Сибир. Во Јакутија денеска беа измерени минус 67 степени Целзиусови.

Наставата во овој руски регион во североисточен Сибир, на околу 5.300 километри источно од главниот град Москва, беше откажана.

реклама

Инаку, учениците во Јакутија се навикнати да одат на училиште на минус 40 степени.

Локалните власти соопштија дека сите домаќинства и компании во регионот имаат централно греење и пристап до резервни генератори.

Руската државна телевизија покажа дека во село Ојмакон, едно од најстудените населени места на планетава, живата во термометарот, кој може да измери до минус 50 степени, паднала на дното.

Студот не е невообичаен за речиси еден милион жители на Јакутија. Ниските температури не се ниту главни вести денеска за локалните медиуми.

Жените ги фотографираат замрзнатите трепки и ги објавуваат на социјалните мрежи. Локалните медиуми објавија фотографија на еден кинески студент, кој се капе гол во термален извор.

Двајца мажи починаа од премрзнување во Јакутија откако нивниот автомобил останал дефект. Тројца други мажи кои патувале со нив преживеале, бидејќи имале потопла облека

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: