Следи нѐ
To Top

Викторија Бекам со провокативна насловна за „Вог“ прослави 10 години од својот бренд (ФОТО)

Со провокативна фотосесија за шпанската верзија на магазинот „Вог“ 43-годишната Викторија Бекам ја прослави 10-годишнината од постоењето на нејзиниот популарен бренд.

Сопругата на Дејвид Бекам на една од фотографиите изгледа како да е сосема гола, додека на друга носи црвен фустан вреден 2250 фунти и чевли со циркони кои се чест избор и во аутфитите во приватниот живот.

реклама

Меѓутоа, облеката и модните парчиња останаа во сенка на нејзиниото слабо тело, кое повторно се најде на удар на критиките од јавноста. Сепак, Викторија како да не ја допираат овие критики, бидејќи истите не се ниту први, а уште поверојатно ни последни упатени на нејзина сметка.

Таа на Инстаграм денеска објави неколку фотографии и видео за тоа како поминало снимањето на „Вог“, а на една од фотографиите напишала: „Сѐ што ти треба се високи потпетици“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.