Следи нѐ
To Top

ПРВА ВО ГРУПАТА: Македонија одигра нерешено со европскиот шампион Германија

Македонската ракометна репрезентација го освои петтиот бод на Европското првенство, откако вечерва со бранителот на трофејот Германија одигра нерешено 25:25.

На овој начин „црвено-жолтите“ без пораз и со пет бодови ги завршуваат настапите на 1.место во Ц-групата на шампионатот во Загреб.

реклама

По овој исход Македонија има големи шанси за висок пласман. За полуфинале би требало да и бидат доволни уште два триумфа на следните три меча.

Средбата со Германците помина во многу резултатски пресврти. Македонија добро го почна натпреварот и во два наврати водеше со три голови разлика (5:2 и 6:3). Возврати противникот во иста мера и на три пати водеше со три разлика за на пауза да се отиде со 12:11 за Германија. Нашите ракометари добро го почнаа и второто полувреме и повторно ја направија максималната предност (19:16) некаде на петнаесетина минути пред крајот. Упорниот противник не се предаде и во последните осум минути се влезе со нерешени 21:21. До крајот се играше гол за гол, Стоилов промаши зицер на 15 секунди пред крајот, а Германија не го реализира последниот напад.

Со шест голови најефикасен во македонскиот состав беше Филип Талески, Кире Лазаров постигна пет. На голот Борко Ристовски забележа 12 одбрани.

За македонската репрезентација ова е прв освоен бод во петтиот дуел со „панцирите“ на големите натпреварувања.

Македонија продолжува со настапи на ЕП во новоформираната група 2 која ќе се игра во Вараждин. Нашата репрезентација ќе пренесе три бода во пресрет на дуелите со Шпанија, Данска и на Чешка.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

  • Вардарци пристигнаа во Келн
    Вардарци пристигнаа во Келн

    Ракометарите на Вардар денеска пристигнаа во Келн каде викендов ќе ги играат натпреварите на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. реклама

    Информативна Редакцијајануари 17, 2018
  • Вардар остана без трофеј, Ѓер ја одбрани титулата
    Вардар остана без трофеј, Ѓер ја одбрани титулата

    Ракометарките на Вардар беа поразени со минимални 27:26 од актуелниот европски првак Ѓер во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на...

    Информативна Редакцијајануари 17, 2018
  • Вардар против Монпелје во полуфиналето на ЛШ
    Вардар против Монпелје во полуфиналето на ЛШ

    Екипата на европскиот ракометен шампион Вардар ќе игра против Монпелје во полуфиналето на овогодинешното издание на Лигата на шампионите, кое ќе...

    Информативна Редакцијајануари 17, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.