Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС: Приказната на Елајза Душку не разбуди од кошмарот на одрекнување

Сцена

ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС: Приказната на Елајза Душку не разбуди од кошмарот на одрекнување

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис проговори за наводите на нејзината помлада колешка Елајза Душку дека координаторот за каскадерите Џоел Крејмер сексуално ја нападнал.

Според кажувањата на Душку, тоа се случило за време на снимањето на филмскиот хит „Вистински лаги“ во 1994 година, кога таа имала 12 години. каде актерката ја толкуваше укогата на ќерката на ликовите на Кертис и Арнолд Шварценегер.

– Приказната на Елајза не разбуди од кошмарот на одрекнување. Таа тоа ми го довери пред неколку години. И ден-денес сум шокирана и немам зборови, изјави Кертис за „Хафингтон Пост“.

Натаму таа ја истакнува и специфичноста на работата со деца актери.

– Тие се соочуваат со предизвикот да се впуштат во полето на возрасните, опкружени со стотици возрасни и сите им кажуваат како треба. А, тие се уште се само деца. Јас требаше да бидам и колешка и менторка и пријателка, но сето тоа одвоено. А, децата тогаш се уште се мали за да го разграничат сето тоа, додава Кертис.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.