Следи нѐ
To Top

Оваа преработка на наше изворно македонско оро мора да ја слушнете (ВИДЕО)

Момчило Митровски Момо деновиве го промовираше проектот кој нема да остави никого рамнодушен, посебно љубителите на убавата македонска музика и почитувачите на нашето изворно творештво.

Имено, станува збор за „Чамче“, изворно македонско оро кое звучи навистина фантастично и е само најава за нешто ново и поголемо од овој наш музичар.

реклама

– „За овој проект соработував со докажана и проверена екипа меѓу нив е и виолинистот Влатко Крстев. Ова оро е само најава за она што го планирам, а се надевам на негова реализација во брзо време. Станува збор за цд кое ќе содржи преработка на стари македонски изворни ора“, вели Момчило.

Аранжанот за „Чамче“ го направи Александар Јовевски, а е снимено во студиото „Подрумот“, додека пак видеото го изработи „Арт Продукција“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.