Поврзи се со нас

Популарно.мк

Преболувањето на прекин на врска е исто како откажувањето од дрога

Љубов

Преболувањето на прекин на врска е исто како откажувањето од дрога

Оние кои неутешно страдаат поради „невозвратена“ љубов можеби за тоа имаат биолошка причина. 

Ново истражување на мозокот сугерира дека да се надмине љубовната болка е слично како и борбата со зависноста од дрога, пишува „Лајвсајанс“.

Новата студија е една од првите кое го истражува мозокот на лицата кои неодамна доживеале љубовен крах и имаат проблем како да се помират со тоа.

Научниците утврдија дека мажите и жените кои имаат „скршено срце“, гледајќи ги фотографиите на поранешните партнери ги активираат деловите на мозокот кои се поврзани со наградувањето, зависноста, контролата на чувствата, чувството на поврзаносно, како и физичката болка и тагата.

Резултатите можеби појаснуваат зошто на некои луѓе им е тешко да го преболат раскинувањето и зошто, во некои случаи, луѓето се однесуваат екстремно, ги следат партнерите, ги убиваат или извршуваат самоубиство.

– Романтичната љубов е зависност, посочи авторката на студијата Хелен Фишер од Универзитетот „Рутгерс“.

Сите учесници во истражувањето биле во врска што траела во просек две години, а истражувањето е направено два месеци по раскинувањето.

Истражувањето покажало дека при гледањето на фотографиите од поранешните партнери се активираат и деловите на мозокот што се поврзани со интензивната зависност од кокаин и цигари, па со тоа се воспоставува дека зголемената активност на тие делови на мозокот можеби е одговорна за физичката болка и тагата.

Научниците исто така дошле и до констатација дека сепак времето ја лекува болката, односно колку повеќе време поминало од раскинувањето, толку помалку се акивираат деловите од мозокот кои се поврзани со зависноста.

При истражувањето, научниците заклучиле дека разговорот со лица што ја искусиле истата болка, помага при преболувањето на поранешниот партнер.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Љубов

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.