Следи нѐ
To Top

Ед Ширан се вери со љубовта од средношколските денови (ФОТО)

Откако лани Ед Ширан изјави дека е спремен да стапне на лудиот камен со најдобра другарка од средно, светот беше во исчекување кога и како тој ќе ја запроси неговата девојка.

Конечно, тој на обожаватели преку Инстаграм им соопшти дека ја запросил Шери Сиборн и дека се многу „среќни и заљубени“.

реклама

– „Добив вереница малку пред Нова година. Многу сме среќни и заљубени.“, напиша тој на фотографијата.

Инаку Ширан и Сиборн се запознале во средношколските денови, а почнале да се забавуваат дури во 2015 година. Интересно е што тие одреден период имале и врска на далечина, додека таа студирала и работела во САД, но по неколку месеци се вратила во Лондон за да може да биде со нејзиниот сакан.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.