Поврзи се со нас

Популарно.мк

Македонските ракометари со желба да ја продолжат успешната серија

Ракомет

Македонските ракометари со желба да ја продолжат успешната серија

Македонската ракометна репрезентација е пред нов предизвик. Вечерва во Вараждин во дуел од групата 2 на Европското првенство во Хрватска, Македонија ќе игра против финалистот од последното ЕП Шпанија. „Црвената фурија“ има пет победи во дуелите со Македонија, од кои две на Европски првенства и една на Светското првенство, како и две во квалификации. 

Но, Македонија во денешниот дуел ќе влезе со многу мотиви и желба да се постигне посакуваната победа, која ќе ги „подотвори“ вратите од полуфиналето.

Македонските ракометари ќе ја имаат и поддршката од трибините и се очекува барем половина од капацитетот на „Вараждин Арена“ – 5.200 места да биде исполнет со македонски навивачи.

Селекторот Раул Гонзалез во составот ќе го врати Филип Лазаров кој поради мала повреда го пропушти дуелот со Германија и тој ќе го заземе местото на Никола Маркоски.

– Шпанија е селекција од самиот врв, најнезгоден противник со кого ќе играме на ова ЕП, шансите се 50-50, а доколку победиме со една нога ќе бидеме во полуфинале. Треба да ја дадеме најдобрата партија за да победиме, изјави Филип Миркуловски.

Денешниот натпревар Македонија и Шпанија ќе го судат белоруските судии Андреј Гуско и Сергеј Репкин. Почетокот на дуелот е во 20:30 часот, додека пред овој натпревар се игра дуелот Германија – Данска (почеток 18:15 часот).

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ракомет

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.