Поврзи се со нас

Популарно.мк

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Интернет

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисници на борба против дезинформациите и да ги препознаваат „веродостојните“ извори.

– Премногу сензационализам, дезинформации и поделеност во денешниот свет, оцени извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, додавајќи оти социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето да пласираат информации побрзо од кога било.

Фејсбук, која има повеќе од две милијарди корисници, најави дека помеѓу другото ќе користи и анкети со цел да утврди кои медиумски куќи се веродостојни за корисниците на таа социјална мрежа.

– Тоа нема да го промени бројот на информации кои ќе ги видите на Фејсбук. Тоа само ќе ја смени рамнотежата на информации во корист на изворите кои се оценти како веродостојни, посочи Закерберг.

Тој најави дека од следната недела „Њуз фид“ (News Feed) ќе дава предност на квалитетните вести пред вестите објавени од помалку веродостојни извори.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.