Следи нѐ
To Top

Ќе се преименуваат автопатот Александар Велики и аеродромот

Премиерот Заев најави преименување на автопатот Александар Велики во автопат Пријателство, а ќе се смени и името на аеродромот Александар Велики, по повеќе од двочасовната средба со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос.

– „Ние немаме иредентистички аспирации кон нашиот сосед“, рече Заев.

реклама

Грчкиот премиер, пак, рече дека ќе ги поддржи процедурите кои грчката влада претходно ги суспендираше – кандидатурата на Македонија во Јадранско-јонската иницијатива и промоцијата на ратификацијата на втората фаза од договорот за стабилизација и асоцијација во грчкиот парламент.

Ципрас рече дека бараат решение за името „ерга омнес“, односно за сите употреби. Според него, примарна е борбата против иредентизмот и гаранции дека нема да се остави простор за слични проблеми во иднина.

„Двајцата сакаме да ги решиме нашите разлики со прагматизам и одговорност“, рече тој.

Двајцата премиери нагласија дека се согласиле да го интензивираат процесот во ОН за наоаѓање решение за спорот за името.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.