Поврзи се со нас

Популарно.мк

Крводарителска акција по повод роденденот на Тоше Проески

Вести

Крводарителска акција по повод роденденот на Тоше Проески

Во знак на одбележување на роденденот на Тоше Проески денеска во холот на Дом на АРМ во Скопје во периодот од 09:00-17:00 часот ќе биде организирана голема крводарителска акција.

– Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин. Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година и од тогаш, традиционално, тие се реализираат во негова чест.

До сега, на овие 14 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале околу 4.000 крводарители, соопштија организаторите.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.