Следи нѐ
To Top

Министерството за здравство ќе ги испита причините за смртта на момчето кое почина сред операција на колено

Министерството за здравство ќе направи целосна анализа за трагичниот настан во кој почина 15 годишното момче за време на операција на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Првичните информации говорат дека станува збор за малигна хипертермија која се случува во многу ретки случаи кај пациенти кои имаат генетска предиспозиција.

реклама

Целиот кадар на Клиниката за ортопедија бил максимално ангажиран во напорите да се спаси момчето. Исто така формирана е и комисија на Клиниката која ќе го анализира случајот и по добивање на официјалните резултати од обдукцијата ќе се соопштат транспарентно на целата јавност.

Во наредните денови се очекуваат и официјалните резултати од Институтот за судска медицина.

Момчето починало вчера за време на рутинска операција на скршено колено .

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.