Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шпанија прв финалист на Европското првенство во ракомет

Ракомет

Шпанија прв финалист на Европското првенство во ракомет

Ракометарите на Шпанија се првите финалисти на Европското првенство, што се одржува во Хрватска, откако во првото полуфинале со 27:23 (15:9) ја совлада Фрнација.

Ова за Шпанија ќе биде петто финале на европските првенства, на кои се уште немаат златен медал. Шпанските ракометари со пласманот во финалето во најмала рака го повторија резултатот од претходното првенство.

Во првите 20-тина минути дуелот беше изедначен, а потоа „црвената фурија“ направи серија од 7-1. Во тие моменти голманот на Шпанија и на Вардар, Арпад Штербик одбрани два удари од седум метри. Тој бранеше само пенали и имаше три одбрани.

Шпанија во 45. минута имаше и највисоки +9 (23:14), но потоа Франција направи серија серија од 6-0. Низата на противникот ја прекина уште еден играч на Вардар, Жоан Кањелас, кој постигна гол и неговата селекција го врати ритамот за конечна победа.

Најефикасни кај Шпанија беа Феран Соле со 7 и Раул Ентрериос со 6 голови, додека кај Франција Седрик Сораиндо постигна 6.

Во второто полуфинале од 20:30 часот ќе играат Данска и Шведска.

Во дуелот за 5. место попладнево Хрватска ја победи Чешка со 28:27.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ракомет

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.