Следи нѐ
To Top

Пронајден мистериозен брод по кој се трагало 160 години

Во делтата на реката Тенсо, во јужната американска сојузна држава Алабама, се пронајдени остатоци од дрвен брод за кој се претпоставува дека е „Клотилда“ – последниот брод што нелегално превезувал робови во САД пред речиси 160 години.

Остатоците ги откри невообичаено ниската осека, а ги пронашол новинарот Бен Рејнс, кој оттогаш е во постојан контакт со стручните лица кои се обидуваат да утврдат дали тоа е тој легендарен брод, пишува „Дејли меил“.

реклама

Историските податоци говорат дека капетанот на бродот, Вилијам Фостер, по пристигнувањето во заливот Мобил Беј во 1860 година, го запалил и потонал бродот, а бродските остатоци се пронајдени во непосредна близина на тоа место. На дрвената конструкција се видливи и траги од горење, како и техники на бродоградба карактеристични за тој период.

– Дефинитивно може да се каже можеби, а можеби дури малку повеќе од тоа, оти локацијата е таа, градбата изгледа исправна, од вистинскиот период, а се чини и дека бродот изгорел, објаснува Грег Кук, археолог од Универзитетот Вест Флорида.

Џон Братен, кој работи со него на испитувањето на бродските остатоци, смета дека „ништо не укажува дека тоа не е ’Клотилда’, а неколку нешта укажуваат дека – е”.

Иако претседателот на САД, Томас Џеферсон во 1807 година потпишал закон со кој се забранува „увоз“ на робови, на американскиот југ ропството било присутно и децении подоцна. Главно пристаниште за тој вид транспорт бил токму заливот Мобил Беј.

Бродот во 1860 година испорачал 110 робови во заливот. Тоа се случило една година пред почетокот на Американската граѓанска војна, и е последниот запишан случај на „увоз на робови“ во САД.

Откривањето на мистериозните бродски остатоци следи по неуспехот на голем број истражувачи кои се обиделе да го пронајдат легендарниот брод во текот на годините.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.