//
Следи нѐ
To Top

Скопјани повторно се гушат во честички, а на Водно одат со автомобили

Скопјани повторно дишат загаден воздух!

Нивото на ПМ 10 честичките во воздухот е повторно далеку над дозволените граници, а мерните станици во Скопје деновиве покажуваат високи концентрации на канцерогените честички.

реклама

И покрај тоа што аерозагадувањето непрекинато ја надминува дозволената граница во Лисиче, Карпош и Гази Баба, и тоа посебно во ноќните часови каде нивото на ПМ 10 честички надминува и 500 микрограми на метар кубен, сепак се уште нема конкретни мерки од надлежните.

Клиниките секојдневно се полнат, а први на удар од аерозагадувањето се хронично болните и малите деца. Лекарите советуваат да не се излегува надвор во деновите кога има висок степен на загаденост и да се купат прочустувачи на воздух.

Во четврток, на 1 февруари, еколошката организација – Go green повикува на протестен марш против загадениот воздух во Скопје.

Маршот според најавите ќе започне од паркот на новинарите кај поранешна „Нова Македонија“, а ќе заврши пред министерството за животна средина.

Викендов, пак, голем број на несовесни скопјани ги запалија своите автомобили и се качија на Водно и покрај воведените мерки и забрани за движење со автомобили.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: