//
Следи нѐ
To Top

Бруно Марс апсолутен победник на годинешното издание на наградите „Греми“

Ако некој може да се нарече апсолутен победник на овогодинешното издание на наградите „Греми“, тоа е Бруно Марс!

На синоќешната гала вечер која се одржа во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, Бруно Марс доби шест награди, меѓу кои за албум на годината – „24K Magic“ и за песна на годината – „That’s What I Like“.

реклама

Алиша Кара ја доби наградата за најдобар млад изведувач, а Ед Ширан за најдобра соло изведба и за најдобар поп албум за „÷ (Divide)“.

За најдоабр албум на денс или електронска музика наградата отиде за „3-D The Catalogue“ на „Крафтверк“, а за најдобар инструментален албум Греми доби „Prototype“ на Џеф Лорбер Фјужн.

Греми за најдобра рап песна доби Кендрик Ламар за „HUMBLE.“, кој воедно се закити и со наградата за најдобар рап албум за „DAMN.“.

Најдобра кантри дуо или група е „Литл Биг Таун“, најдобра канри песна – „Broken Halos“ на Крис Степлтон, кој водено доби Греми и за најдобар кантри албум за „From a Room: Volume 1 “.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: