Следи нѐ
To Top

Настапот на Лејди Гага ги расплака присутните на „Греми“ наградите (ВИДЕО)

Лејди Гага настапи на голем број важни случувања изминатиот период, од огромното шоу на полувремето на „Супербоу“, главниот акт на познатиот американски фестивал „Коачела“, па се до стартот на нејзината „Џоен“ светска турнеја изминатата година.

Па така, беше очекувано Гага да „растури“ и на традиционалното, 60-то по ред, доделување на наградите „Греми“.

реклама

Таа на сцената настапи по огнениот спектакл на Кендрик Ламар и ја смири атмосферата со настап на пијано.

– „Ова е за постарата сестра на мојот татко, Џоен“ – кажа Лејди Гага пред да ја започне моќната преработка на песните „Џоан“ и „Гив ми а милион ризнс“.

Настапот на Лејди Гага ги расплака присутните на „Греми“ наградите (ВИДЕО)

– „Ова е за љубовта и сочувството, дури и кога не можете да ги разберете“ – додаде таа.

Пијаното на кое Гага настапи беше претворени во ангелски крилја, а целата сцена беше затемнета.

Погледнете го настапот со кој Гага ги расплака присутните на доделувањето на „Греми“ наградите:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.