Следи нѐ
To Top

Природен напиток кој го отстранува лошиот здив

Покрај редовното миење на забите, плакнењето на усната шуплина е клучна за одржување на хигиената на устата. 

Иако течностите за плакнење на устата се достапни речиси во сите продавници, се трудиме да ги избегнеме нивните агресивни состојки, поради што се препорачува сами да направиме природен и евтин напиток кој ќе го отстрани лошиот здив.

реклама

Зелените листови на магдоносот имат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја, која укажува на изобилство од хлорофил, е најдобар природен борец против здивот, бидејќи има антибактериски својства.

Иако џвакањето листови од магдонос се препорачува веднаш по јадењето, доколку намирниците содржат причинители на лош здив, чајот од магдонос е практичен и ефикасен метод за борба против лошите бактерии во усната празнина.

За подготовка на чајот потребно е половина рака магдонос и половина литар вода, кои се оставаат да зовријат околу пет минути. Потоа напитокот се процедува, изладува и се конзумира по секој оброк.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.