//
Следи нѐ
To Top

Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи го привлече вниманието на „Греми“ наградите (ВИДЕО)

Голем број од светските ѕвезди се појавија на доделувањето на наградите „Греми“ во Њујорк заедно со своите деца, а таков беше случајот и со Бијонсе и Џеј Зи кои на настанот продефилираа со својата веќе голема ќерка Блу Ајви.

6-годишното девојче беше облечено во бели панталони и бело палто, а вниманието на јавноста го привлекоа светкавите чевли кои беа со високи потпетици.

реклама

Дел од јавноста беше изненадена од фактот што толку мало девојче било принудено цела вечер да ја помине со високи потпетици.

Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи го привлече вниманието на „Греми“ наградите (ВИДЕО)

Бијонсе и Џеј Зи важат за едни од најзвучните имиња во музичката индустрија и нивното појавување на било кој настан е вистински спектакл.

Па така, на доделувањето на „Греми“, Блу Ајви направи мала сцена која го насмеа светот кога ги „искара“ своите родители да престанат да аплаудираат, бидејќи таа внимателно го слушаше говорот на пејачката Камила Кабељо.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: