//
Следи нѐ
To Top

Бесплатен јавен превоз во Скопје поради аерозагадувањето

Од утрово повторно стапија во сила мерките против аерозагадувањето во Скопје, соопшти денеска градоначалникот Петре Шилегов.

– Јавниот превоз од денеска е бесплатен. Оставете ги автомобилите и возете се со јавниот превоз, рече Шилегов на форумот „Иден развој на урбаната мобилност“.

реклама

Во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на барање на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство, Градот Скопје објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот.

Овие мерки се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање дека прагот на алармирање за ПМ10 честичките во воздухот е надминат (над 200μg/m3) во текот на два дена последователно.

Градот Скопје мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот оваа зима ги воведува по третпат.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.