//
Следи нѐ
To Top

Во Русија по грешка регистриран првиот истополов брак

Геј двојка успеа да го регистрира својот брак во Русија, прв во руската историја, но Министерството за внатрешни работи тоа го објасни како „бирократска грешка“.

Русија не признава истополови бракови и има усвоено закон против „ширење геј пропаганда” меѓу малолетници. Па така, Павел Сточко и Јевгениј Војцеховски со својата изјава дека официјално стапиле во брак, предизвика бурни реакции во јавноста.

реклама

Двојката се венчала во Данска, и тие своите пасоши ги поднеле до канцеларија на руски матичар, каде службеникот без проблем им ставил печат со кој и потврдил дека се венчани.

Меѓутоа, руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во меѓувреме нивните пасоши се повлечени, и дека службеникот кој ставил печат, ќе добие отказ.

Руската ЛГБТ Мрежа, која се залага за геј права, ја извести јавноста дека штотуку венчаните ја напуштиле Русија, поради страв за својата безбедност по притисокот на властите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијајануари 30, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијајануари 30, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијајануари 30, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: