Поврзи се со нас

Популарно.мк

Македонското здравство на 22 место во Европа

Вести

Македонското здравство на 22 место во Европа

Македонскиот здравствен систем е рангиран на 22. место на листата на европски здравствени системи за 2017 година. На листата што ја објави Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија има 649 бода.

На првото место на листата е Холандија, на второто е Швајцарија, а на третото Данска. Подобро рангирани од Македонија се Србија на 21. место и Словенија на 16. место. Зад Македонија на листата се Црна Гора на 25. место, Хрватска на 26. место, Албанија на 27. место, Грција на 32. и Бугарија на 33. место. На последните две места се Романија и Кипар.

Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија во 2013 година била на 27 место, а во 2014 напредувала на 16 место. Напредокот главно е постигнат поради воведување на Националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин и намалување на листите на чекање. Забелешки има на практичната примена на овој системот, како и на застарените методи на лекување, останата уште од времето на поранешна Југославија.

Европскиот здравствен потрошувачки индекс ги анализира националните здравствени системи врз основа на 48 индикатори кои вклучуваат области, како што се правата и информираноста на пациентите, пристапот кон здравствена заштита, резултати од лекување, обем, и подрачје на услугите, превенција и користење фармацевтски производи.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.