Поврзи се со нас

Популарно.мк

МИШЕЛ ОБАМА ОТКРИ: „Меланија Трамп ми подари рамка за слика“

Сцена

МИШЕЛ ОБАМА ОТКРИ: „Меланија Трамп ми подари рамка за слика“

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама конечно по една година, откри што се наоѓало во сината мистериозна кутија од „Тифани”, што Меланија Трамп и ја подари на ден на инаугурацијата на Доналд Трамп за американски претседател.

– Тоа беше убава рамка за слика, рече Мишел при гостувањето во емисијата на Елен Деџенерис.

Натаму, таа додаде дека тоа било вон протоколот. – Постои протокол. Тоа е на ниво на државна посета, па ти велат – направи го ова, овие стојат овде и друго… Никогаш претходно не се давал подарок во таа прилика, така што размислував што да правам со тоа, објасни Мишел Обама.

– Размислував дали да се сликаме со подарокот… А тогаш мојот сопруг „не спаси“. Ја зеде кутијата и ја тргна одзади, додаде Мишел Обама.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.