//
Следи нѐ
To Top

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 9 природни лекови против грип и настинка

Студеното и непредвидливо време во текот на зимата често е главна причина за настинка. А, сезонскиот грип е нешто што многу луѓе не успеваат да го избегнат.

Проверете кои се 9-те природни лекови против грип и настинка.

реклама

Вино

Виното може да ви послужи повеќе како профилактично средство за заштита од грип и настинка, бидејќи го зајакнува имунитетот. Се користи, исто така и за лекување на акутна кашлица. Половина чаша мед се раствора во 1 литар вино. Пред секој оброк земајте 1 супена лажица од лекот.

Ѓумбир

Ѓумбирот има антисептично, антибактериски и противовирусно дејство. Го стимулира потењето и на тој начин помага за исфрлање на токсините од организмот. Освен тоа ја смирува кашлицата и лекува болно грло.

При болки во грлото земајте 1 супена лажица од 400 гр. мед измешана со 1 чаена лажица сув ѓумбир, пред секој оброк.

Пилешка супа

Пилешката супа е задолжителен лек при настинка и грип, бидејќи ќе го снабди организмот со потребните хранливи материи и витамини. Имајќи во предвид дека во моментот на болест имунолошкиот систем работи со полна пареа и корисните состојки во телото се трошат, состојките во пилешката супа се совршена антивирусна и антибактериска природна медицина. Освен тоа, со неа ги лекувате и дишните патишта.

Сол

Иако доста луѓе тврдат дека солта е штетна за луѓето, всушност при грип и настинка таа може да е многу корисна, бидејќи ги прочистува дишните патишта и го снабдува телото со минерали. Раствор од сол и вода може да се користи при лекување на настинка, а жешка када за нозете од топла вода и 1 грст морска сол помагаат да се загреете и релаксирате.

Свинска маст

Свинската маст е присутна во голем дел од бабините рецепти за лекување на грип и настинка. Главната причина е нејзината функција на загревање на организмот . Обично се применува во форма на облоги или за масажа.

При настинка телото на болниот се масира со мешавина од 2 супени лажици свинска маст, 1/2 чаша мастика, 1 чаена лажица сода бикарбона, 1 чаена лажица морска сол.

Цвекло

Цвеклото спаѓа во зеленчуци, најмногу богати со витамини и минерали. Задолжителен е во вашето секојдневно мени, особено во сезоната на грипови и вируси, бидејќи ја потпомага функцијата на одделни органи и го прочистува организмот. Доволно е да земате сокови од цвекло, за да ја подигнете одбранбената моќ на организмот. Измиксирајте цвекло со јаболко и лимон, или цвекло со моркови, за да се опоравите што побрзо . Не претерувајте со чистиот сок од цвекло, бидејќи може да предизвикате контраефект.

Чаеви

Топлите чаеви се задолжителни при лекување на грип и настинка. Причината е дека го загреваат телото, помагаат да се испотите, ги ублажуваат болките во грлото, спречуваат дехидрација и го полнат организмот со корисни материи.

Препорачуваме чај од шипинка, кантарион, камилица, нане или јаглика.

Црн бибер

Црниот бибер е испитано средство од кујната при лекување на настинка. Причината е дека зачинот има способност да ги убива вирусите и да го тонизира организмот. При грип или настинка пијте варено вино со мелен црн пипер.

А при силна кашлица направете 100 грама мед, помешан со ленено семе (50г), едно морско оревче и 25 грама мелен, црн бибер.

Лук

Искористете ги предностите на антисептичното дејство на лукот, кога сте болни од грип или настинка. Освен тоа лукот служи за детоксикација на организмот и освен што ги исфрла штетните материи, го полни телото со витамин Ц.

Лукот се користи и за зајакнување на имунолошкиот систем, за после боледување да се опорави побрзо. Имајте на ум дека, сепак, не се препорачува на луѓе кои страдаат од чир или гастритис.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: