Поврзи се со нас

Популарно.мк

Лејди Гага ја откажа европската турнеја поради силни болки

Сцена

Лејди Гага ја откажа европската турнеја поради силни болки

Познатата поп пејачка Лејди Гага ги откажа последните концерти од европската турнеја поради силни болки.

Како што таа објави на твитер, нејзиното здравје било на прво место:

– „Многу сум скршена, не знам како да го опишам ова. Мојот лекарски тим ја поддржа одлуката да се вратам дома. Морам своето здравје да го ставам на прво место“, објави пејачката на Твитер.

Лејди Гага ги откажа концертните настапи во Велика Британија, Швајцарија, Германија, Шведска, Данска и Франција, во рамките на својата европска турнеја за албумот „Џоан“.

На сите што купиле влезници за концертите ќе им бидат вратени парите, а Гага  се надева на што поскоро враќање и настапи во градовите во коишто се откажани концертите.

Лејди Гага пати од хроничната болест фибромијалгија, којашто предизвикува болки во целото тело.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.