Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најмногу дожд наврнат во Лазарополе

Вести

Најмногу дожд наврнат во Лазарополе

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Лазарополе. Според мерењата на УХМР наврнат е воден талот од 92 литри на метар квадратен.

До осум часот утрово наврнати се Маврово 71 литар на метар квадратен, Пожаране 68, Крушево 65, Тетово 52, Скопје-Зајчев Рид 48, Дебар 43, Охрид 38, Претор 34, Тополчани и Битола 26, Прилеп 25, Берово 18, Крива Паланка 17, Виница осум, Демир Капија и Ѓуриште седум, Скопје-Петровец, Струмица и Штип шест, Дорајн четири и три литри во Гевгелија.

Снег има на Маврово и Лазарополе. Снежната покривка изнесува во Маврово еден сантиметар во Лазарополе шест.

Минималните температури биле позитивни секаде во земјата и се  движеле од нула во  Крушево, Маврово и Лазарополе, три во Претор, четири во Пожаране, Охрид, Ѓуриште и Тополчани, пет во Крива Паланка, Дебар и Берово, шест во Прилеп, Скопје Петровец, Тетово и Битола, седум во Скопје и Виница, осум во Штип, девет во Струмица и  Демир Капија до 10 во Гевгелија и Дојран.

Претпладнево времето е облачно во јужните делови со врнежи од дожд кои се со послаб интензитет, а на планините и на повисоките места со повремен снег. Дува слаб до умерен ветер од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец.До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен  западен, a долж Повардарието северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од осум до 15 степени.

Во Скопје времето променливо облачно со слаб до умерен  северозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 12 степени.

Утре и во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.