Следи нѐ
To Top

Крај на неизвесноста – Кајли Џенер стана мајка (ВИДЕО)

Најмалата сестра од кланот Кардашијан, Кајли Џенер конечно ја сподели радосната вест што целиот свет ја очекуваше – таа ја доби својата прва ќерка во бременоста што девет месеци ја криеше од јавноста.

Освен објавата на Инстаграм, таа објави и видео кое досега е гледано од 39 милиони луѓе.

реклама

20-годишната манекенка им се извини на своите фанови што ја криеше оваа информација:

„Не сакав да ја споделам мојата бременост со целиот свет. Знаев дека морам да се подготвам за оваа животна улога на најпозитивен, здрав начин, без стрес”, беше првото нешто што го откри во нејзиниот пост и дека е крајот на медиумите изолација, дека се породи, и дека таа и бебето се добри.

Џенер од почетокот, па сè до крајот на својата бременост, не даде никаков коментар за медиумите и вешто се криеше од папараците.

Медумите шпекулираа дека таа е сурогат мајката на бебето кое го добија Ким и Каније.

Младите родители Кајли Џенер и Травис Скот сѐ уште не го објавија името на бебето, па ова е, секако, следната тема на која ќе се шпекулира во медиумите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.