Следи нѐ
To Top

„Фалкон хеви“ ќе одлета во Вселената со хитот на Боуви „Спејс одити“

Компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск, основач на производителот на електрични автомобили „Тесла“, денеска од космичкиот центар „Кенеди“ треба да ја лансира супер тешката ракета-носоч „Фалкон хеви“ , јави допиникот на МИА од Вашингтон.

„Фалкон хеви“ е досега најголемата конструирана ракета со најмалку двапати поголема носивост од другите слични ракети. Така на пример, може да поноесе товар со тежина од 64 тони, додека руската Протон-М, која е во редовна употреба, има носивост од 23 тони.

реклама

Лансирањата на претходните ракети „Фалкон“, не беа секогаш успешни и вистински товар овојпат нема да има. Наместо тоа Маск во Вселената ќе ја испрати својота стара темно-црвена корвета „Тесла“.

Автомобилот ќе биде поставен на орбита која во елписа се протега од Сонцето кон Марс, а неговиот музички систем постојано ќе го репродуцира хитот на Дејвид Боуви, „Спејс одити“.

– Автомобилот ќе се оддалечи од Земјата на околу 400 милиони километри и ќе лета со брзина од 11 километри во секунда, изјави Маск.

То додаде дека според оценките, возилото ќе се наоѓа на таа орбита „неколку милиони години или можеби и повеќе од една милијарда години“. На автомобилот на Маск се инсталирани три камери кои ќе праќаат, како што најави, „епски“ снимки.

На р’тот Канаверал на Флорида, каде што е лоциран центарот „Кенеди“, се очекува да се соберат илјадници лица за да присуствуваат на лансирањето на ракетата, кое е закажано за во 19:30 часот по средноевропско време.

„Спејск икс“ треба да ја постави ракетата на космодромот три часа пред времето за старт. Но, ако се случи некаков технички пропуст, лансирањето би можело да биде одложено за утре.

Во суштина, „Фалкон хеви“ е група од три споени ракети „Фалкон 9“, кои компанијата ги користи од поодамна. Ваква конфигурација од три ракети бараше повеќе модификации и зацврстување на централната ракета-носач.

Новина за оваа ракета е тоа што двете помали ракети од првото ниво имаат способност да се вратат назад на Земјата и повторо да се искористат. Со тоа вкупната цена на чинење на „Фалкон хеви“ е многу помала од досегашните традиционални ракети.

Ракетата е составена од 27 мотори кои се способни да создаваат сила од 23.000 килоњутни. Како таква, оваа модификација од три ракети е навистина комплексна и шансите за неуспешно лансирање не се мали.

Советските инжинери, на пример, се обидуваа четири пати да лансираат ракета со пет нивоа и 30 мороти, но ниту една не успеа да стигне до орбитата.

Во врска со ова, Елон Макс изјави дека ако се случат непредвидени работи се надева „дека ракетата барем ќе одлета од стартната платформа, а не да експлодира во место“.

– Тука имаме експлозиван материјал кој е еквивелантен на помалку од два милиони килограми ТНТ. Ако тоа чудо експлодира, тука нема ништо да остане, изјави Маск.

Покрај Елон Маск, и основачот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, е заинтересиран да инвестира во ракети со голема носивост кои чинат релативно помалку од оние што во минатото ги конструираше Американската аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА).

Безос работи на производство на две ракети со голема носивост кои во орбитата может да однесат над 45 тони товар.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Sci-fi

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.