//
Следи нѐ
To Top

ЦЕЛА НЕДЕЛА БЕЗ ШЕЌЕР: Вклучете се во #NoSugarWeek предизвикот

Оваа година и Македонија се вклучува во еднонеделниот #NoSugarWeek предизвик кој има за цел да даде поддршка на болните од дијабетес.

Учесниците во предизвикот, кој ќе трае од 7 до 14 февруари, треба целосно да го исфрлат шеќерот и слатките работи од нивната дневна исхрана и секојдневно јавно да го објавуваат нивното дневно мени.

реклама

На светско ниво повеќе од 1 милион луѓе ќе ја објавуваат нивната дневна исхрана со хаштагот #NoSugar и #NoSugarWeek, а поддршка кон кампањата најавија и голем број холивудски ѕвезди, спортисти и јавни личности.

Инаку, шеќерот е скриен убиец, дебелее, го заслабнува имунолошкиот систем и ги прави крвните садови поподложни на пукање. Го оптеретува панкреасот и многукратно ја зголемува можноста да се заболи од дијабетес и е еден од главните фактори за создавање на кариес.

Го одзема калциумот од коските и го закиселува организмот што создава плодна почва за развој на инфекции. Ги храни габичните организми како Кандида Албиканс. Огромна е листата на пореметувања што настануваат од редовна употреба на сахароза во исхраната.

Секој што се стреми кон оптимално здравје, да изгледа убаво, да биде фит и во одлична физичка кондиција, ќе му направи огромна корист на сопствениот организам ако конзумира шеќер во што помала количина и што поретко со што ќе направи битен чекор кон стекнување совршено здравје, силен имунолошки систем и забавено стареење на организмот.

Совршен момент да ја започнете вашата долгопланирана диета!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијафевруари 6, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијафевруари 6, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијафевруари 6, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: