Следи нѐ
To Top

Музика од „Битлси“ и „Квин“ на концертот на Скопски брас-квинтет

Познатите теми од „Битлси“ и „Квин“ првпат во Македонија ќе прозвучат од лимени дувачки инструменти на концерт на Скопскиот брас-квинтет во камерната сала на Македонската филхармонија.

Вечер членовите на квинтетот: Александар Илијевски и Вилијам Бараковски (труби), Благоја Василевски (хорна), Никола Ристевски (тромбон) и Александар Ниниќ (туба) ќе ги изведат популарните: „Bohemian Rhapsody“, „Imagine“, „Hey Jude“, „I Want Hold Your Hand“, „Yesterday“, „She Loves You“, „Somebody to Love“, „Help“…

реклама

– Скопскиот брас-квинтет е формиран во 2016 година. Има широк репертоар и различни стилови и жанрови. Досегашните настапи на овој состав не биле од концертен карактер, овој концерт отвора ново поглавје во нивната кариера. Не случајно изборот се композиции од „Битлси“ и „Квин“, за да се слушне и една поинаква страна на лимените дувачки инструменти, надвор од класичниот музички репертоар, соопшти Македонската филхармонија.

Членовите на Скопскиот брас-квинтет се редовни членови во Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, како и надворешни соработници во Градскиот дувачки оркестар, Биг-бендот на МРТВ и Биг-бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.