Следи нѐ
To Top

Над 64 отсто од македонските граѓани се за влез во ЕУ, над 66 проценти во НАТО

Доколку утре би се одржал референдум за влез на Македонија во ЕУ, 64,2 отсто од македонските граѓани одговориле „за“, додека на истото прашање за влез во НАТО, 66 проценти се изјасниле потврдно.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за политички истражувања (ИПИС), направено во периодот меѓу 16 и 21 декември 2017 година, на примерок од 1.113 полнолетни испитаници од РМ.

реклама

Вкупно 45,4 отсто од анкетираните македонски граѓани сметаат дека односите со Грција во иднина ќе се подобрат, додека 15,5 проценти сметаат дека ќе се влошат.

На прашањето за влез на Македонија во ЕУ, против се изјасниле 18 отсто, додека со „не знам“ одговориле 17,8 проценти од испитаниците. За споредба, на истото прашање во 2016 година, 66,9 проценти биле за влез во ЕУ, додека против 24,8 отсто.

Доколку утре има референдум за влез на земјата во НАТО, против се изјасниле 15,3 отсто, додека со „не знам“ одговориле 18,7 проценти од испитаниците. На истото прашање во 2016, 70,7 биле за влез во Алијансата, а против 21,4 отсто.

На прашањето како би ги оцениле моменталните политички односи меѓу Македонија и Грција, 20,9 отсто одговориле дека се добри, додека 31,7 оцениле дека се донекаде добри.

На истото прашање 14,9 проценти од испитаниците одговориле дека се лоши, додека 26,3 отсто донекаде лоши.

Во анкетата на граѓаните им е поставено и прашањето како ги оценуваат моменталните меѓучовечки односи меѓу Македонија и Грција, при што 23,3 оцениле дека се добри, 37,6 донекаде добри, 22,6 донекаде лоши, 10,2 лоши, додека 6,3 отсто одговориле со „не знам“.

Граѓаните во анкетата ги изразуваат своите ставови за соседните држави, односите со Грција, спорот за името и македонските евроатлантски интеграции.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.