Следи нѐ
To Top

Бројот на средношколци намален за 15 илјади во последните четири години

Бројот на ученици во средното образование се намалил за 15 илјади во периодот од 2013 до 2017 година, покажуваат податоците на Институтот стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ).

– Она што прво паѓа во очи е дека во 2013 година во сите години – прва, втора, трета и четврта во средното образование, имало 85 илјади ученици, а во 2017 година 70 илјади. Тоа значи дека бројот на ученици е намален за 15 илјади за само четири години, рече Дарко Спасевски од ИСИЕ.

реклама

Трендот на намалување на бројот на ученици, според него, се должи во најголем дел на демографски причини.

– Не навлегувавме многу во причините, но она што можевме да го констатираме е дека со оглед на тоа што средното образование од 2013-2014 година е задолжително, најголема причина за намалувањето на бројот на ученици се демографските движења, вели Спасевски.

Според него, освен во Скопје, бројот на ученици е намален во сите други општини во Македонија.

Бројот на наставници е исто така во опаѓање, но, како што рече, не во ист процент како бројот на ученици. Во истиот период бројот на настанен кадар е намален од 7.100 на 7.000 илјади. Тоа, смета Спасевски, може во иднина да направи проблем со прекумерен број наставници. Но, посочува, тоа зависи како ќе се алоцираат наставниците, кои во таков случај би можеле да се алоцираат на начин на кој ќе се обезбеди поквалитетно образование со помали паралелки.

Студијата во која се добиени овие податоци, а ја изработил Институтот, имала примарна цел да се види колку транспарентно се трошат средствата во средните училишта. Тие врз основа на слободниот пристап до информации со јавен карактер требало да ги дадат овие податоци за потребите на истражувањето.

Средните училишта од 11 општини прво не ги дале потребните информации, а тоа го направиле дури откако била покрената постапка пред Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

– Самото тоа што училиштата од 11 општини не ги дадоа веднаш овие информации кои се од јавен карактер, укажува на фактот дека во овие училишта не е развиена свеста оти тие информации треба да бидат јавни и достапни, рече Лилјана Пецова Илеска, проект менаџер на Метаморфозис.

Во рамки на изготвувањето на студијата се даваат препораки до средните училита да покажат повеќе транспарентност во трошењето на јавните средства, а родителите и средношколците да покажат повеќе интерес за трошењето на средствата.

За потребите на проектот изработена е веб-платформа www.budnooko.mk sо детален приказ на трошоците во средните улчулупшта по разни основи во периодот од 2013 до 2017 година.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.