Следи нѐ
To Top

КАРНЕВАЛ: Путин, Трамп и Ким претставени како ајкули, а Меркел како сирена

Во португалскиот град Торес Ведрас вчера почна карневалот, познат по политичката сатира, а посетителите можеа да видат и маски ајкули со ликовите на Владимир Путин и Доналд Трамп, но и лицето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Глави со ликот на Путин и Ким биле прицврстени на тела од ајкули, кои држат ножеви и вилушки, а во Центарот на градот е изложена и фигура со ликот на германската канцеларка Ангела Меркел, претставена како сирена.

реклама

Трамп, пак, е прикажан и како седи на тоалетна школка во облик на планетата Земја, а зад него „гневниот Ким Џонг-ун“ држи ракета.

Илјадници луѓе, и покрај поројниот дожд, излегоа да ја видат и поддржат парадата на улиците на Торес Ведрас, кој секоја година се затвора поради петдневната прослава. На неа, според организаторите, се очекува да присуствуваат 350.000 луѓе.

Годинешната тема на карневалот се океани и бранови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.