Следи нѐ
To Top

Од утре повторно дожд во котлините и снег на планините

Под влијание на влажен бран утре ќе има врнежи од дожд долж Повардарието, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни ќе бидат во западните и југоисточните подрачја каде ќе наврнат над 30 л/м 2.

Како што соопшти УХМР, снежната покривка ќе се зголеми, на планините позначително. Ќе дува умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од минус пет до девет степени целзиусови.

реклама

Во Скопје слично време со нула степени минимална и шест дневна.

Во среда и четврток во западните и јужните делови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Во среда од минус еден до 10, во четврток и петок од мунус осум до седум, односно  11 степени, сабота минус девет до 14 степени, а в недела минус седум до 15 степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.