//
Следи нѐ
To Top

Повредената девојка во Солун во критична состојба

Девојката која во саботата беше повредена во сообраќајна несреќа во Солун е приклучена на машини и е во критична состојба, додека пак на повредениот маж утре ќе му биде извршена операција на бутната коска, јави дописникот на МИА од Атина повикувајќи се на информации од болницата.

Двајцата македонски државјани беа повредени во сообраќајка што се случи во Солун во саботата попладне во близина на ИКЕА, додека стоеле на островче, кога во нив удрило возило кое изгубило контрола, веројатно поради голема брзина и излетало од коловозот.

реклама

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, двајцата Македонци, 27 годишна девојка и 38 годишен маж и возачот веднаш биле пренесени во болница. 

Семејствата на повредените, веднаш по несреќата биле известени од Конзулатот на Република Македонија во Солун, а македонското ДКП е во постојан контакт и со докторите од двете грчки болници во кои се пренесени повредените и со родителите на двајцата македонски државјани.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.