Поврзи се со нас

Популарно.мк

Фотографија на Земјата од 6,12 милијарди километри оддалеченост

Creative

Фотографија на Земјата од 6,12 милијарди километри оддалеченост

Вселенската сонда на НАСА, „Њу Хорајзонс“ ја фотографираше планетата Земја од далечина од над шест милијарди километри, со што го урна 27 години стариот рекорд на леталото „Воајер 1“, од оддалеченост од 6,06 милијарди километри.

„Њу Хорајзонс“ всушност, според НАСА, двапати го урнал рекордот лани. Тоа се случило на 5 декември, кога вселенското летало било на 6,12 милијарди километри од Земјата, двапати во два часа.

„Њу Хорајзонс“ дневно минува околу 1,1 милион километри.

Во меѓувреме, мисијата продолжува. На 1 јануари 2019 година сондата ќе биде во орбитата на најблиската за нас џуџеста планета 2014 МУ-69, која е на 1,6 милијарди километри растојание од Плутон.

Освен вселенските тела, „Њу Хорајзонс“ го истражува и составот на Вселената, односно на правот и гасовите што се на неговата рута.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Creative

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.