//
Следи нѐ
To Top

Принцот Вилијам ќе биде кум на свадбата на неговиот брат Хари

Се е речиси подготвено за претстојната британска кралска венчавка на актерката Меган Маркл и принцот Хари. Свеченоста ќе се случи на 19 мај, а британските медиуми на секој можен начин доаѓаат до деталите околу прославата.

Свадбата ќе почне напладне во црквата Сент Џорџ, а потоа следува традиционално дефиле на младенците со кочии.

реклама

Иако блиските на принцот Хари не сакаат да потврдат, медиумите во Велика Британија пренесуваат дека тој за кум го избрал својот брат Вилијам.

– Хари има неколку блиски пријатели, но нема шанси да прашал некој друг освен неговиот брат, изјави неименуван извор близок до кралското семејство.

На венчавката се поканети и познати личности – глумците колеги на Маркл од серијата „Suit”, потоа Пријанка Чопра, тенисерката Серена Вилијамс… Свадбата ќе се пренесува во живо.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијафевруари 13, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијафевруари 13, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијафевруари 13, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: