Поврзи се со нас

Популарно.мк

Џенифер Анистон се разведува по две години брак

Сцена

Џенифер Анистон се разведува по две години брак

Актерите Џенифер Анистон и Џастин Теру се разделуваат по две и пол години брак.

– Одлуката е взаемна и постигната со многу љубов кон крајот на минатата година… Ние сме двајца прекрасни пријатели, кои решија да се разделат како двојка, но сакаме да го продолжиме своето пријателство, се вели во заедничкото соопштение на Анистон и Теру.

Џенифер Анистон се прослави со улогата на Рејчел во хит хумористичната серија „Пријатели” и со настапит во бројни други романтични комедии. Џастин Теру настапи во филмовите „Пороците на Мајами”, „Мулхоланд Драјв”, како и во серијата „Престанати”.

Глумците се верија во август 2012., а се венчаа во август 2015 година. Тие немаат деца, и како што велат и натаму ќе го задржат меѓусебното почитување и ќе останат во добри пријателски односи.

Сево ова се случува неколку месеци по разводот на поранешниот сопруг на Анистон, Бред Пит со Анџелина Џоли.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.