Следи нѐ
To Top

Река од маски потече по улиците на Струмица (ФОТО)

„Време е! Нека почне струмичкиот карневал“, објави кралот и карневалот тргна.

Почна да тече непрегледната колона од маски и костуми, кои под светлината на прекрасниот огномет уште еднаш потврдија дека вековната традиција на волбшеството под маски на градот под Царевите Кули од година во година ги поместува границите на креациите на учесниците.

реклама

Кралската свита, во која беа принцот и принцезата Натка и Орце Спасови, придружувани од Струмичките мажуретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го значија почетокот на уште еден голем струмички карневал.

Пред да стасат карневалите пред главната точка за презентација на нивните карневалски креации, група од Германија приреди огнено шоу, потсетувајќи на некогашните времиња на голтање оган и поминување со пламени јазици по телото.

Река од маски потече по улиците на Струмица (ФОТО)

Првата групна маска на Средното учулиште „Димитар Влахов“, насловројните гледачи и гости ќе има што да видат. И навистина:веднаш по нив се појави маската „Валкири“ на Карневалската група „Мулен Руж“. Собра многу аплаузи уште непристигната на платото пред жири комисијата и двете трибини, на кои беа сместени премиерот Зоран Заев, министри, амбасадори, претставници на дипломатски претставништва и гости од земјавата и странство.

-Јас разбрав дека утре наутро завршува Карневалот во Рио, во Бразил. Таму ќе бираат најдобра школа за играње самба. Нашиот карневал не  е толку голем како тамошниот, но нашита маска ако се појави таму верувам дека ќе го освоиме првото место, рече еден член на Карневалската група „Мулен Руж“, кои се претставија со маската „Валкири“.

Зад нив не заостануваше нуту маската „Тримерски сервис“. Вредните учесници подготвиле мошне впечатлива маска од филџани и ѓезвиња подготвени за Тримерските празници, кои се празнуваат во Струмица во чест на армасаните (верените) девојки.

-На сите учесници и гости им го нудиме нашиот сервис од филџани и гезвиња да се напијат убаво струмичко кафе, а може и варена ракија, рече еден од учесниците во големата маска.

Не помалку интересна е и поединечната маска „Ламја“, во која е вложено многу труд и време.

Тука беа и „Радовишките газели“, и многу други карневалски групи од земјава и сранство.

Впечатлива маска имаа гостите од Задар, Хрватска, кои се претставија со маската „Гусари од Зрмања“

-Ние сме од средното училиште „Обровац“ од Задарската жупанија. Тука сме по трет пат и сме пријатели со нашите другари и домаќини од струмичката гимназија „Јане Сандански“. Нашата маска е инспирирана од реката Зрмања, која под планината Динара се влева во Јадранското море. Атмосферата тука е прекрасна и тоа треба да се доживее, рече Јурица Џурко.

Вечерва низ улиците на Струмица ќе поминаат 41 маски во разични категории, со околу 2.000 учесници.

Нивните креации ги оценува жири комисија, која треба до донесе одлука кому ќе му припаднат паричните награди во повеќе категории.

По завршувањето на Интернационалната карневалска вечер забавата продолжува на Плоштадот „Гоце Делчев“ со „Ноќ на Аруба“, на која ќе настапат членовите на карневалската група од овој холандски остров, кои ќе ги забавуваат посетителите до доцна во ноќта

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.