//
Следи нѐ
To Top

Во јануари за 18,7 проценти повеќе патници на аеродромите

Од двата аеродрома во Македонија, во Скопје и во Охрид, во јануари годинава се превезени 151.381 патник, што претставува зголемување од 18,7 проценти споредено со јануари минатата година, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

На скопскиот аеродром минатиот месец се регистрирани 145.592 патници, за 18,3 проценти повеќе споредено со јануари 2017 година, кога биле превезени 123.118 патници.

реклама

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, пак, бројот на превезени патници во јануари е зголемен за 30,8 проценти во однос јануари  лани.

– Владата на Република Македонија континуирано презема мерки за развој на авиосообраќајот во земјата. Во таа насока, политиките на Министерството за транспорт и врски се движат кон создавање на широка мрежа дестинации достапни за граѓаните на Република Македонија, наведува Министерството за транспорт и врски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: