//
Следи нѐ
To Top

Пејачката Теа Трајковска снимаше во дневната соба на баба си (ВИДЕО)

Пред неколку дена со мојот бенд снимивме спонтана сесија на дел од моите песни. Притоа, ја експлоатиравме дневната соба на баба ми, која ја поздравувам за сите сварени кафиња тоа попладне – вака го опиша својот најнов проект младата и позната пејачка Теа Трајковска.

Станува збор за акустична изведба на две нејзини познати песни, односно последното остварување кое носи наслов „Пекол“ и нејзината прва нумера со која ја започна својата кариера пред неколку години, „Ми треба малку време“.

реклама

Изведбата на овие две песни се снимени со дел од нејзиниот бенд, односно Дејан Митровиќ и Неврус Бајрам, додека пак зад камерата стоеше Нино Спирковски.

Нормално, тука Теа не застанува. Таа заедно со својот тим на чело со Лазар и Магдалена Цветковски веќе размислуваат на стиховите и музиката за новата песна…

Погледнете, слушнете и уживајте:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.