Следи нѐ
To Top

Texas – нови хедлајнери на „Скопје колинг 2018“!

После долги години обидување, конечно една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња TEXAS за прв пат доаѓа на Балканот!

Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23 јуни, на вториот фестивалски викенд на SKOPJE CALLING 2018 година.

реклама

TEXAS до 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8 албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

Се разбира дека пејачката Sharleen Spiteri ги носи во Скопје сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“, „In Demand“ и уште многу други хитови и очекуваме навистина едно извонредно шоу за сите генерации.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 06-ти март, во 21 часот

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.