Следи нѐ
To Top

„Златна Бубамара“ за животот во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вчеравечер во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа 21. издание на најпопуларната манифестација во Македонија „Златна бубамара на популарноста“.

Според организаторите, на годинашното издание на „Златна бубамара“ се појавија 350 луѓе на сцената – музичари, актери, спортисти, тв-лица, танчери…

реклама

Шоуто, традиционално, започна со настапот на „Златните слајвечиња“ и поздравот на домаќинот Ранко Петровиќ кој пред полната сала изјави:

– „Добро вечер љубители на добра музика, почист воздух и поубав живот! Да знаете, колку и да трае, че си седите“ , им најави на присутните Ранко.

„Златна Бубамара“ за животот во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По него, се појави и Кирил Поп Христов – Кили, кој не ја пропушти шансата да го изрази своето задоволство што повторно е дома.

Атмосферата на манифестацијата кулминираше со настапот на Наум Петрески и Виолета Томовска во придружба на академскиот хор „Мирче Ацев“ на „Ој Вардаре македонски“, со кој на сцената беа поканети европските прваци од клубот „Вардар“, заедно со Раул Гонзалес, а публиката ги поздрави со стоечки овации.

Игор Џамбазов потсети на луѓето што не напуштија минатата година – Саша Николовски – Ѓумар, Иван Карадак и Зоран Милосављевиќ, а „Дубиоза колектив“ настапија заедно со Џамбо Агушев, на тема за „македонската заклетва на политичарите“, дека ќе лажат, крадат, со голема доза на сатира за политичката ситуација во нашата земја.

„Златна Бубамара“ за животот во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Незаменливиот Сашко Коцев повторно ја смееше публиката за иселувањето на Македонците, за планот 3 – 6 – 9, тепачката во собранието, непродадениот „мерцедес“, штедењето, поплавениот Архив на Македонија, градењето доверба со Грција, промашениот автопат и името, сугерирајќи дека треба да го содржи цел македонски историјат. А младиот актер Тино говореше за сива скопска ракија, шилеговача (со доза на сатира за загадениот воздух), за тврдокорна и коалициска ракија и грујовача.

„Златна Бубамара“ за животот во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со изведба на песни од „Нови фосили“, Нина Деан, Маја Панчева и Александар Митевски го најавија бендот кој истакна дека не настапувал во Македонија цели 28 години. На звуците од „За она доба стара времена“ им се придружија поранешните ракометарки на „Кометал“.

Во делот на наградите – Маја Оџаклиевска доби награда за трајни вредности, Дани за албум на годината („Град за љубов“), „Октет Македонија“ за животно дело, а Тијана за мултимедијален уметник.

„Златна Бубамара“ за животот во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Наградата за најдобра серија ја зема „Фамилијата Марковски“, филм на годината е „Исцелител“, најпопуларна серија „Инсајдер“, актерка на годината е Нина Деан, актер на годината Александар Микиќ, претстава на годината е „Вардарски пастуви“, а актерско откритие Благој Веселинов.

Спот на годината освои Слаткар („Терориста“). Најдобрата ТВ сатирична емисија  „Фчерашни новости“, најдобра ТВ емисија „Еден на Еден“, а најдобар ТВ проект е „Патот на успехот“ со Мишко Иванов.

„Нови фосили“ добија бубамара за трајни музички вредности, а бендот „Меморија“ награда за концерт на годината. „Мама Миа“ е прогласен за мјузикл на годината.

Меѓу присутните беа и премиерот Зоран Заев со сопругата и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Златна Бубамара“ за животот во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.