Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Човек се обиде да го спречи, но роботот ја исполни својата цел (ВИДЕО)

Видео

Човек се обиде да го спречи, но роботот ја исполни својата цел (ВИДЕО)

Американската компанија „Бостон дајнамикс“  ја тестираше способноста на својот робот Спотмини да се прилагодува на условите и пречките додека отвора врата и минува низ неа.

Човекот, кој го доведе роботот до вратата, му ја покажа кваката и му даде комада „Напред!“. Роботот потоа самостојно продолжи да ги извршува останатите операции.

Камерата, која е сместена во роботската рака, ја лоцира положбата на кваката, додека камерата инсталирана во телото на роботот одредува дали вратата е отворена или не и управува со машината додека минува низ неа.

За движењата на роботот е задолжен софтвер, кој му овозможува да го усогласува неговото однесување во однос на пречките што можат да му се најдат на патот.

Способноста на роботот автоматски да одговори на сите пречки при извршувањето на задачите, како што е обидот да му се попречи и да се повлече назад во момент кога излегува низ вратата, е одраз на унапредувањето на неговата вкупна способност.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Видео

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.